Инцидент во „Идризово“: Затвореник истепал затворски чувар

0
151

Полицијата извести дека вчера во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.