Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

0
104

Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Центар, И.З.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Прилепска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје била касната од куче скитник.

45-годишна жена од Скопје со иницијали К.Ц во полициската станица Ѓорче Петров, пријавила дека на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје била касната од куче скитник.