МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Наставник истепал ученик во Битола

0
152

Инцидент се случил во битолско училиште каде наставник истепал ученик.

Мајката на детето случајот го пријавила во полиција. Вчера 32-годишна битолчанка пријавила дека на час по физичко образование, наставникот го истепал нејзиниот син.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред две недели, мајка и татко во училиште во Битола влегле и додека мајката ја држала наставничката, таткото истепал дете и му се заканувал.