Мицкоски објави кога пензионерите ќе ги добијат ветените 5.000 денари покачување на пензиите

0
207

Во врска со едно од клучните ветувања, за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека првото нивелирање ќе биде во септември оваа година, а второто во март 2025 година, со што ќе се заокружи ветувањето.

„Ако владата се формира во јуни, тоа значи не за 12 месеци, туку за девет месеци ќе биде исполнето ветувањето, а тоа е зголемување на пензиите од 5.000 денари линаеарно“, рече Мицкоски.

Тој очекува во втората половина на јули да се направи ребаланс на Буџетот и во септември да почне со проектот за децентрализација, односно финансирање на општините, за што се предвидени 250 милиони евра годишно, но бидејќи сега сме на половина на годината, овој буџет ќе опфати 125 милиони евра.

Запрашан дали ќе има за плати во јавната администрација, со оглед што во овој период бевме сведоци на низа протести за повисоки плати Мицкоски рече дека биле многу внимателни во програмата и многу внимателно ветувале.