Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција

0
160

Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид, со тешка сколиоза утрово беше транспортирано со хеликоптер од градската болница „8  Септември“ на операција во Истанбул, изјави за „Слободен печат“ директорот на болницата доктор Христијан Костов. Тој додаде дека ова е трет ваков транспорт со хеликоптерот на МВР, а крајната дестинација овојпат е спинален центар во Истанбул.