Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

0
112

Неексплодирано убојно средство кое се претпоставува дека е од Првата светска војна, вчера било однесено во Полициската станица Берово. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека откако неексплодираното убојно средство било донесено во 12:30 часот во станицата веднаш било преземено од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Берово за уништување.

Од ЦУК велат дека ваквата постапка е несоодветна од безбедносен аспект.

Оттаму апелираат граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи.

„Кога ќе пронајдат било какви неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина“,

велат од ЦУК.