Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац

0
240

Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац го нападнале масовниот убиец Урош Блажиќ веднаш штом бил внесен во судница, по што убиецот Урош и неговиот татко веднаш биле изнесен од судницата.

Во судницата настана хаос кога Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша со наведнати глави влегоа во судницата. Тогаш родителите скокнале и почнале да фрлаат столчиња во нивна насока. Во тој момент мајката на убиените Кристина и Милан Паниќ зела шаржер на полицаецот.

– Му го зедов шаржерот на полицаецот! Кога влезе во судницата, сите скокнаа исто како и мојот сопруг и јас. Пукаше во моите деца, нема да му се суди, јас ќе му судам – извика мајката на Кристина и Милан Паниќ пред судот.

Двајцата обвинети експресно беа евакуирани од судницата. Денеска требаше да започне нивното судење, а засега е непознато кога тоа ќе се случи.