Стерјовски: Како Македонци бараме загарантирано место во албанскиот парламент

0
143

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“.

„Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, Руската Федерација, итн., кои имаат различни модели, но кои имаат загарантирани места за малцинствата. За првпат минатата година една меѓународна организација како што е Советот на Европа во петтиот мониторинг извештај за Албанија на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ја скенира ситуацијата во Албанија и бара нашата земја да преземе позитивни мерки за гарантирана застапеност на малцинствата во парламентот, вели Стерјовски во однос на изборната реформа и барањата на малцинствата.

Слободен Печат.