(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку четворица загинати во уривање на ресторан на Мајорка

0
86

Најмалку четири лица загинаа кога преполн ресторан се урна на Плаја де Палма на Мајорка. Засега не е позната националноста на жртвите. Нејасна е и причината за несреќата.

Најмалку четири лица загинаа при уривање на објектот на ресторан на плажа во областа Плаја де Палма јужно од главниот град Палма де Мајорка. Полицијата на медитеранскиот остров, кој е многу популарен меѓу германските туристите, соопшти дека 16 повредени лица се пренесени во блиските болници. Се наведува дека седуммина од повредените се во критична состојба. Останатите девет се тешко повредени, но надвор од животна опасност.

Според властите на Мајорка, загинале еден маж и три жени. Засега не е позната националноста на жртвите.

Шефот на противпожарната служба во Палма, Едер Гарсија, рече дека повеќето од жртвите се странци „од различна националност и средовечна возраст“. Една од загинатите жени работела во ресторан, објави весникот Ел Паис и други медиуми.