Бендевска со РС Македонија, Митрески со „Северна“ дадоа заклетви, Милошоски имал здравствени проблеми

0
90

Новите потпретседатели на Собранието, Весна Бендевска од ЗНАМ и Јован Митрески од СДСМ дадоа заклетва во законодавниот дом.

Бендевска заклетвата ја даде со РС Македонија, додека Митрески го кажа целото име на државата – Република Северна Македонија.

Антонијо Милошоски поради здравствени проблеми, не присуствуваше на денешната седница.

За Милошоски гласаа 69 пратеника, за Митрески 82, додека за Бендевска 70.