Бесија Иљази повеќе не е економска директорка на Токсикологија, разрешени се уште десетина други

0
47

Министерот за здравство Арбен Таравари ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази по најавите дека функцијата економски директор на клиниките ќе биде укината. Освен Илјази рзрешени се и економските директори на клиниките за неврологија, ревматологија, ендокринологија, дерматологија, економскиот директор на Физикална медицина како и директорите на Максилофацијална, Стоматолошка и Психијатриска клиника.

Но не сите економски директори на клиниките ќе бидат разрешени сега. На функција остануваат сите оние кои имаат менаџерски договори сѐ додека не биде изменет законот.

При преземањето на функцијата, министерот Таравари вчера рече дека за месец-два нема да има економски директори.

„За тие што се со малку поголем мандат, ќе ни требаат измени на законот. Не сакам да нѐ тужат тие што имаат мандат до август-септември, па да одиме по судови“, рече Таравари.

Економските директори во клиниките беа воведени во 2006 година кога скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, кои имаат 56 директори и 142 члена на управните одбори.