Бизарно: Човек од обезбедувањето го повреди Рамос додека се обидуваше да фати навивач на терен (Видео)

0
87

На ова Европско првенство речиси и да нема меч кој е прекинат поради втрчување на непоканети лица на теренот. Навивачите се осмелуваат и влегуваат на теренот, создавајќи хаос кој треба да го средат луѓето од обезбедувањето.

На вчерашниот меч меѓу Португалија и Турција дури пет навивачи влегоа на теренот и сите имаа иста цел, да дојдат до Кристијано Роналдо. Еден од луѓето од обезбедувањето во обид да сопре еден непоканет навивач на теренот, несмасно реагираше и го удри Гонзало Рамос.


Напаѓачот на Португалија првично се пожали на болка, но потоа беше потврдено дека за среќа нема ништо сериозно повредено. Селекторот на Португалија Роберто Мартинез вели дека овој тренд кај навивачите станува загрижувачки.