Вакво чудо не сте виделе: Саудијците градат крузер од соништата за 50 илјади патници

0
114

Саудиската компанија за недвижнини „Ал-Отаим инвестмент“ (Al-Othaim Investment) најави нов проект за изградба на брод за крстарење кој би требало да биде град во град.

Проектот наречен „Al-Othaim Cruise Hall“ ќе биде изграден на вкупна површина од 77.000 метри квадратни и ќе вклучува трговски центар, 276 станбени единици, 16 луксузни апартмани и области за забава.

Планираниот хотел на бродот ќе содржи 120 соби и 156 апартмани и деловни простории на шест ката.