Гаши: Погрешно ме разбрале, мојата татковина е Северна Македонија

0
216

Претседателот на Собранието, Африм Гаши преку социјалните мрежи се одлучи да објасни што точно мислел, кога во интервју за една косовска телевизија изјави дека Косово е негова татковина и дека постојано ги следи сите случувања таму.
Тој вели дека бил погрешно разбран, а одредени медиуми ја искривуваат неговата изјава. Гаши вели дека негова татковина е Северна Македонија, а Косово е татковина на неговите родители и поради тоа како таква ја почитува.