Жена ги убила сопругот и свекорот во семејната куќа во Кратово

0
165

Според информациите од полицијата, жената е приведена и задржана во полициска станица. Како што најавија оттаму, по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведена е 36-годишна жена која е осомничена дека доцна синоќа во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг и неговиот татко, кои починале од здобиените повреди, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 13 јуни 2024 година во 22:08 часот, полициски службеници на ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И. (36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И. (38) и неговиот татко С.И. (63), кои починале од здобиените повреди“,

се вели во соопштението од МВР.
По насоки од јавен обвинител, според информациите од МВР, телата на починатите биле предадени на обдукција.

Како што најавија оттаму, по целосно документирање на случајот, против 36-годишната жена ќе биде поднесена соодветна пријава.