Заев: Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор

0
42

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името- пишува на фејсбук екс премиерот Зоран Заев.
-Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.
Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови. Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме- објави Заев.