Идеите за репреговарање дополнително ќе ја оддалечат С Македонија од ЕУ – реагира официјална Софија по изјавата на Мицкоски

0
52

Бугарското МНР ги оцени за неприфатливи намерите на новата влада во земјава „да не се придржува до меѓународните договори“, но и намерата со која, како што велат, да го отфрли барањето на дел од сопствените граѓани и да ги гарантира нивните права со тоа што ќе ги вклучи во Уставот
Покренувањето идеи за репреговарање на веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство на С Македонија во Европската Унија – реагираат од Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски оти Преговарачката рамка со ЕУ може да се промени.

360°.mk