Лидл го купи објектот „Бриколаж“ од „Скопски пазар“

0
162

„Лидл“ официјално го купи објектот каде што до неодамна беше сместен продажниот салон на „Бриколаж“ во скопската општина Гази Баба.

Објектот „Бриколаж“ кој беше во сопственост на „Скопски пазар“, „Лидл“ го откупи за 9,5 милиони евра.

Според информацијата доставена до Берзата, одлуката на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“ за продажба на објектот била донесена на 18 април.

„Лидл“ во јануари годинава, започна со изградба на логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, кој треба да отвори нови 150 работни места, дека пак продавниците на „Лидл“ во Македонија треба да започнат со работа во 2025 година.

Германскиот гигант „Лидл“ е застапен во 30 земји светот со 12.000 маркети и 360 илјади вработени.