МАКЕДОНЕЦ ПОБЕДИ ВО ШОУТО “НИКАД НИЈЕ КАСНО”

0
302

Нè направи многу горди“ – му порача Калиопи на прилепчанецот Сашо Башески кој победи во шоуто „Никад није касно“ и уште еднаш покажа дека Македонија има голем број музички таленти со кои можеме да се пофалиме.

Прилепчанецот Сашо Башески синоќа (23.06) беше прогласен за втор победник во шоуто „Никад није касно“, со најмногу освоени гласови по СМС.

Сашо успеа да освои 6.087 гласови по СМС и не можеше да ги скрие емоциите заради победата, а во изјава за српските медиуми рече дека за малку ќе се откажел од натпреварот.