Мбапе објави фотографии од детството и порача: Сонот станува реалност!

0
107

Килиан Мбапе и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Француската фудбалска ѕвезда го заврши својот престој во ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот европски клуб. За него тоа значи остварување на детскиот сон и тоа го докажа со порака на социјалните мрежи.

„Сонот остварен. Толку многу сум среќен и горд што ќе играм за клубот од моите соништа. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам, Мадридисти, и благодарам за вашата неверојатна поддршка.Хала Мадрид“

, напиша Мбапе.

Мбапе имаше многу побогата понуда да остане во ПСЖ, а се шпекулираше дека на маса има понуди од Саудиска Арабија, но го послуша срцето и потпиша за својот омилен клуб.