Населението во енергетска сиромаштија, домовите топли, граѓаните се ладат во трговски центри

0
92

Од Платформа за сиромаштија велат дека нивните аналзи покажале дека две третини од населението во земјава е во енергетска сиромаштија. Како што велат граѓаните наоѓаат разни алтернативни начини за намалување на сметката за струја

„Примателите на гарантиран минимален приход добиваат субвенција за струја само во зимските месеци, меѓутоа во летните месеци веројатно останува да се ладат во ЈСП автобусите во скопје или во моловите. Тоа се единствените климатизирани места каде што можат бесплатно да се оладат “, изјави Билјана Дуковска, Платформа за сиромаштија.

Инаку претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар. Посочува дека РКЕ ги прави последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината тарифа во текот на денот за домаќинствата.

Бислимоски, кој се обрати на првиот панел на СЕФ насловен „Како да се обезбеди социјално праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости?“ посочи дека во моментов РКЕ ги прави анализите дали и за колку може да се продолжи периодот на евтина дневна тарифа на струјата.

-Во изминатиов период компаниите во текот на денот имаат ниски цени на електрична енергија и тоа што го имаат тие мора да го имаат и домаќинствата. Со воведувањето на евтината дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот веќе го направивме првиот чекор, но трендовите на берзата покажуваат дека во овој период има исклучително ниски цени на струјата и правиме сериозна анализа за наредните две – три години за цени на електричната енергија за секој час на повеќе берзи и кога ќе бидеме готови ќе кажеме кога и во колкав обем ќе имаме зголемување на евтината тарифа во текот на денот, рече Бислимоски.