Нова влада помеѓу Курбан Бајрам и Задушница

0
299

Македонија ќе ја добие новата влада предводена од Христијан Мицкоски помеѓу Курбан Бајрам и Задушница, а во меѓувреме владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе го прослави и партискиот роденден на 17 јуни.
Новата влада да биде формирана до 20 јуни е начелниот договор за кој вчера си подале рака мандатарот Мицкоски и лидерите на „Вреди“ Изет Меџити, Арбен Таравари, Африм Гаши и Билал Касами и претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски, откако на средбата констатирале дека преговорите за владиното партнерство се завршени, брифираат за „Слободен печат“ од власта.