Опожарено возило во тетовски Челопек

0
130

Вчера во 16.15 часот во СВР Тетово, Х.Р.(43) од тетовски Челопек пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое 10 минути пред тоа го паркирал во гаражата во дворот. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со помош на соседите и со интервенција на Тетовската територијална противпожарна единица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово