Откриен идентитетот на загинатата девојка во несреќата во Грција

0
128

Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија која го открива идентитетот на младата девојка која загина во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Игнација во правец кон Солун.

Претходно беше познато дека таа имала 29 години, а според групата сите патници во автомобилот за време на несреќата се млади битолчанки.

Во трагичниот настан повредени се и трите сопатнички во возилото, две родени 2000 година кои се здобиле со тешки повреди, а едната сопатничка родена 1999 година поминала со полесни повреди.

„МАРТИНА, ЧУПЕ ЗЛАТНО, МИР ДА СИ НАЈДИШ. ИМ ПОСАКУВАМЕ ПОБРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ БИТОЛЧАНКИ“, ОБЈАВИ „БАБАМ БИТОЛА“.