Пет пациенти во болница Загреб се заразиле со легионела, а тројца од нив починале

0
168

Пет пациенти во болница Загреб се заразиле со легионела, а тројца од нив починале. Едниот од нив починал на 4 април, но оваа информација беше објавена денеска.

Претходно беше соопштено дека заболените пациенти веќе биле тешко болни, па Легионела драстично ја влошила нивната состојба.

Иако информациите претходно зборуваа за два смртни случаи, меѓувреме неофицијално било потврдено дека починало уште едно лице, пренесуваат регионалните медиуми.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата беше изолирана во водоводниот систем. Во моментов е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, задолжен за квалитет во болницата.