Поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени покриви и возила – последици од невремето во Скопје, Тетово и во Куманово

0
58

Сите информации што се добиваат, според надлежните во ЦУК, соодветно се селектираат и се пренесуваат до останатите надлежни служби и институции, како и до локалните самоуправи.

Од УХМР информираат дека променливо облачно време ќе се задржи до утре, петок, до кога се очекува нестабилно и свежо време со пороен дожд и грмежи.

Поплавени подруми, дворови, куќи и објекти, како и паднати дрва и бандери, откачени лимови и олуци, но и оштетени покриви и автомобили е сликата од синоќешното невреме кое прво го погоди Тетовскиот Регион, а потоа Скопско и Кумановско, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 поради штетите предизвикани од невремето биле добиени повеќе пријави, но и, како што велат, сè уште се пријавуваат штети, од Тетовскиот, Скопскиот и Кумановскиот Регион.

 

„Се пријавуваат поплавени дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично“,

велат од ЦУК.

360°.mk