Путин се закани со вооружување на држави од каде би можеле да се напаѓаат западни цели

0
85

Претседателот Владимир Путин ја предупреди Германија дека употребата на нејзиното оружје од страна на Украина за напади врз цели во Русија ќе означи „опасен чекор“, и додаде дека Москва за возврат може да обезбеди оружје со долг дострел на други за да ги нападнат западните цели.

Таквата акција на Запад дополнително ќе ја поткопа меѓународната безбедност и може да доведе до „многу сериозни проблеми“, рече тој.

„Тоа би го означило нивното директно учество во војната против Руската Федерација и ние го задржуваме правото да постапиме на ист начин“, додаде Путин.

Бидејќи користењето на такво западно оружје за удар на руска територија вклучува воен персонал од соодветните земји кои ги контролираат ракетите и избираат цели, рече Путин, Москва може да преземе „асиметрични“ чекори.

Тоа би можело да вклучи давање такво оружје на други за да таргетираат објекти на соодветните земји на друго место во светот, додаде тој.

„Ако сметаат дека е можно да се достави такво оружје во борбената зона за да се изврши удар на нашата територија и да ни создаваат проблеми, зошто немаме право да снабдуваме оружје од ист тип во некои региони во светот каде што тие можат да се користи за напади врз чувствителни објекти на земјите што и го прават тоа на Русија“, рече тој.