Силно невреме беснее во регионот – ќе ја зафати и Македонија

0
44

Славчо Попоски објави дека силно невреме беснее во регионот и бранот се движи кон Македонија.

,,Добој, Босна и Херцеговина во овој момент ⛈🌩⛈ Силното невреме се шири во регионот и ќе ја зафаќа и Македонија во следните денови!, објави Попоски.

За невремето објави и Владо Спиридонов, Доктор по Метеорологија.

Актуелна состојба со молњи и грмежи во SEE Европа. Алатката процени Ниво-4 со многу висок ризик од невреме во источните делови од БиХ и северозападна Србија. Истотака беше предочено дека е можно иницирање и на суперќелиски бури.