Смокови опустошија гулабарник во штипско, пердуви на сите страни

0
67

Смокови во атарот на Лакавица, штипско, усмртиле и изеле голем број гулаби од гулабарник.

Гулабарникот е сопственост на Ване Станков и тој за СДК.мк ја опиша грозоморната глетка:

-За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата, изјави сопственикот Ване Станков кој ги затекнал смоковите.

Претходно гулабарникот на Ване бил мета на крадци кои му украле дел од гулабите, но успеал да ги врати со помош на полицијата, а овојпат смоковите ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите.