Таравари ги разрешува економските директори

0
87

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, по примопредавањето на функцијата, веднаш излезе на терен да види што е проблемот со дисфункционланоста на хируршките сали во Клиничкиот центар.

Таравари разговарал со сите директори и со директорот на општите служби, пруи што констатирал дека некои сали воопшто немаат никаков мирис, а во некои како на абдоминална хирургија се чувствува одреден мирис.

– Затоа, анестезиолозите не дозволуваат да функционираат со централниот компресивниот систем – рече Таравари.

Тој очекува извештај од испитувањата што се направени, за што побрзо да се реши проблемот. Тој смета дека до петок ќе се знае дали ќе се оди на менување на системот комплетно или ќе може да се поправи постоечкиот.

Според министерот, многу помалку операции се извршуваат за разлика од кога функционира централниот систем, но дел од салите работат.

Новата станица би чинела околу половина милион евра, а Клиниките се договорија сами да ја набават, но за тоа ќе треба да се почека до Нова година, затоа што се потребни шест месеци да се набави и постави новата станица.

Таравари уште денеска издал наредба да се разрешат сите економски директори, што значи седум-осум уште денеска ќе останат без работа, а за другите се чека измени на закон за да не се соочи министерството со тужби.

Дел од клиниките немаат ни медицински директор, па Таравари најавува назначување директори уште утре.