Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

0
93

Министерството за одбрана информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и заврши функцијата.

До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага.