Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

0
385

Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.

Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка.

Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд.

Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.