Холанѓанец го каснала змија во Охрид, немало серум – го спасиле во болницата во Дебар

0
190

Холандски турист бил каснат од отровна змија во Охрид, па бил префрлен во тамошната општа болница. Но, бидејќи таму немале противотров, туристот бил веднаш хоспитализиран во болницата во Дебар, каде бил спасен неговиот живот.

Директорот на дебарската општа болница вели дека туристот бил донесен во добра состојба, и откако му бил даден серум против змиски отров, тој повторно бил вратен во Охрид.

Случајот со холандскиот турист остава лоша слика за туризмот во Македонија. Иако не е директно надлежен за здравсатово, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, смета дека овој случај е последица на лошите состојби во здравствениот ситем.

-Она што се случи, го кажува само уништувањето на системот кое се случуваше седум години наназад, па сме се довеле во ситуација да немаме серум. Секако дека ќе апелираме и разговараме, но по формирањето на новата Влада, сметам дека ќе се постават соодветни кадри во институциите, конкретно во здравствените- Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид

За тоа зошто немало серум ги запрашавме и во охридската болница. Оттаму ни соопштија дека последниот серум бил искористен пред два дена. Веднаш се направил договор со околните болници кои имаат противотров, да згрижат пациент во инта ситуација. Поради тоа, додаваат оттаму, холандскиот турист бил упатен во дебарската болница.

Од ЦУК во повеќе наврати минатите денови алармираа на внимателност на луѓето при прошетките во природа, поради раздвиженоста на змиите.