Во последното деноноќие 31 пожар на отворено, 11 од нив сѐ уште активни

0
68

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни се уште се 11. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.

Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.
1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( ниска вегетација и шума );
2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);
– Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли ( ниска вегетација и грмушки);
– Опш. Ново Село над с.Бадилен, ( борова шума);
– Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);
– Опш. Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);
– Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)
– Опш. Гевгелија, помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).
– Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);
– Опш. Радовиш, с.Штурово (Ниско стеблесна и борова шума);
– Опш. Битола, ул. Девеани бр.92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација);
– Опш. Македонски Брод, с.Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки.
Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани.

Прво почана да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓунардна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.

Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.

Во моментов, Ангелов е турскиот хеликоптер, лета кон Серта, за околу еден час, за сите медиуми, ќе следи негова прецизна изјава, сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.