Вчера вкупно 24 пожари на отворено, од коишто 5 се активни, 3 се под контрола и 16 беа изгаснати

0
70

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 376 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,33%, а 37,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,33%, кон Итната медицинска помош 20,81%, кон пожарникарите 11,46%, а кон АМСМ 0,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 910 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,18%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,67%). Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (ЦУК).

Вчера, недела (28.07.2024) имаше вкупно 24 пожари на отворено, од коишто 5 се активни, 3 се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие, согласно информациите добиени од регионалните центри за управување со кризи.

Активните пожари, пет (5) на број, на отворен простор, се во:
Општина Лозово, кај с.Бикирлија, месност „Убого“, Општина Градско и кај Јаношево, Општина Неготино (каде што гори ниска вегетација);
Општина Македонски Брод , кај с.Тажево и с.Брезница, крак од пожарот кон ЈП „Јасен“ во правец кон месноста „Раставувачи за струја“ (борова шума);

Општина Кочани, кај с.Главовица (мешана шума);
Општина Долнени, кај с.Долгаец и Маргари (висока трева и мешана деградирана шума) и во
Општина Демир Хисар, на Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и с.Плаќе.(каде што интервенираатле 4 пожарникари од ТППЕ, 16 од ЈП „Национални шуми и 5 луќе од месното население, коишто гаснеле запалена ниска вегетација).

Трите (3) пожари под контрола се во:
Општина Старо Нагоричане, кај с.Ругинце (каде што горела ниска и мешана шума) и во
Општина Штип, кај с.Цршка (ниска вегетација); Општина Македонски Брод, кај с.Латово и с.Русјанци (мешана шума).

Изгаснатите 16 пожари на отворено биле во: Општина Охрид, депонија Мауцкер (гореше ѓубриште); Општина Кратово, кај с.Татомир (каде што гореше мешана шума); Општина Босилово, меѓу с.Босилово и с.Турново (мешана шума); Општина Делчево, кај с.Очипала (ниска вегетација); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане, кај с.Степанце (ниска вегетација и грмушки); Општина Сарај, кај с.Семеиште, с.Чајлане и с.Арнакија (мешана шума); Општина Петровец, кај с.Бадар (ниска вегетација); Општина Желино:с.Лешница (ниска вегетација); Општина Берово, кај с.Будинарци (борова шума); Општина Струмица: с.Куклиш (депонија); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Крушево, имаше два (2) пожара, кај с.Саждево и кај с.Нерово (ниска вегетација) и во Општина Сарај, кај с.Дворце (ниска вегетација).