Груби ќе предава на Факултет по новинарство, нема да зема апанажа како Маричиќ, Шаќири и Бајрами

0
100

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како што објави Слободен печат, ќе се врати на старото работно место на Универзитетот каде што претходно работел и ќе предава на Тетовскиот универзитет на Факултетот за новинарство. Тој нема да бара апанажа, за разлика од Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за кои Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на третата седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа нивните барања да земаат апанажа.

На Клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи, а неговите сопартијци Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се уште не одлучиле дали ќе побараат апанажа.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот.