Драма во Куманово: Спасен човек заглавен во „жив песок

0
99

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово утрово спасија човек заробен во длабока тиња и „жив песок“ покрај кумановскиот дел од реката Пчиња.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека пожарникарите од 4 до 7 часот го спасувале човекот.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека пожарникарите од 4 до 7 часот го спасувале човекот.

Случајот во ЦУК го пријавил риболовец, кој ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал.

– Ситуацијата била опасна, бидејќи полека, како што лицето сакало само да се извлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била буквално, како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината, од топлото време, а надоу како да немало дно – велат од ЦУК.

Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа, од сложеното, а навидум едноставно, извлекување и спасување на заглавеното лице, од опасниот терен.