Драма во Прилеп поради жена: Прилепчанец тепал сограѓанин, а на крајот го оставил врзан надвор од градот

0
102

На 09.07.2024 во ОВР Прилеп Е.А.(37) од Прилеп пријавил дека со Е.Б., со кого од претходно се познавале, со патничко возило „даеву“, кое тој го управувал, заедно дошле до „Маркови кули“. Според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал со употреба на метален предмет, а потоа го однел кај местото познато како „Германска чешма“, кај село Дабница каде што повторно физички го нападнал, а потоа го врзал, му одзел пари и заминал. Според пријавеното, на нападите им претходела расправија во врска со сопругата на Е.Б., стои во полицискиот билтен.