„ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАСПИЕВ“ Бајден се извини за дебаклот на претседателската дебата

0
42

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси во минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен. Тој им рече на новинарите дека „не бил многу паметен“ бидејќи „неколку пати патувал низ светот“ пред дебатата.

Бајден беше катастрофа на дебатата. За време на дуелот, тој даде низа некохерентни и збунувачки одговори на прашањата. Застануваше и не ги завршуваше речениците. „Не го слушав мојот персонал… а потоа за малку ќе заспав на сцената“, призна тој.

81-годишниот Бајден се врати од последното патување на 15 јуни, што е речиси две недели пред дебатата на 27 јуни, пишува Би-Би-Си. Изјавите на Бајден доаѓаат во време кога во Демократската партија се појави загриженост за неговите ментални способности.

Конгресменот од Тексас, Лојд Догет, стана првиот актуелен демократски пратеник кој го повика Бајден да се повлече од трката за втор претседателски мандат. Се надевам дека ќе ја донесе болната и тешка одлука да се пензионира“, изјави вчера Догет.

„Тоа не е изговор, тоа е објаснување“, рече Бајден за време на вчерашната посета на Вирџинија, осврнувајќи се на неговите патувања. Тој се извини за настапот и истакна дека му е исклучително важно да победи на изборите. Бајден отпатува во Европа двапати во текот на две недели во јуни.