Кризниот штаб на Општина Неготино бара поголем институционален ангажман во гаснењето на пожарот на Серта

0
76

Од Кризниот штаб велат дека имаат разбирање, бидејќи активни се пожари на повеќе локации низ државата, но сепак очекуваат утре присуство на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот од неготинска страна.

Досегашната интервенција врз пожарот на планината Серта не е доволна и бараме од институциите поинтензивна воздушна поддршка, соопшти вечерва Кризниот штаб на Општина Неготино.

„Имајќи предвид дека во текот на денешниот ден изостана најавената масовна поддршка од воздухоплови при гаснењето на пожарот на Серта од неготинска страна, Кризниот штаб на вечерашниот состанок заклучи да се апелира до надлежните институции утре (18.07) да се обезбеди ветената поддршка. Ова од причина што денеска од воздух интервенираа два хеликоптери во краток временски интервал, недоволно за остварување на посакуваните ефекти. Уште повеќе што станува збор за крајно непристапен терен каде не може да се интервенира со луѓе и механизација, туку може да се дејствува само од воздух“,

се вели во соопштението.