Македонското малцинство подготвува декларација за непризнавање на резултатите од пописот во Албанија

0
71

Македонското малцинство, заедно со други малцинства кои живеат во Албанија, најавија заедничка декларација со која ќе објават непризнавање на резултатите од пописот во земјата, и ќе побараат нов попис. Ова го најави Васил Стерјовски, претседател на македонската партија во Албанија, МАЕИ.

Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека истите се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите државни и меѓународни институции, изјави за МИА, Васил Стерјовски.

Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.
Tv21