МВР го откри напаѓачот од вчерашното убиство во Тетово, распишана е потерница

0
127

Министерството за внатрешни работи известува дека во врска со настанот кој се случи вчера каде со возило „мерцедес“ било пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, бил одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на ПС Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.

„Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција. Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот“ се вели во соопштението на МВР.