Мицотакис: Опасна е селективната примена на Договорот од Преспа – Мицкоски на НАТО-самитот државата ја нарече Македонија

0
81

Како што пренесуваат грчките медиуми, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во изјава на пристигнување на Самитот, својата земја ја нарекол – Македонија, а владата – македонска влада

Целосно спроведување на Договорот од Прееспа е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Ова денеска од НАТО-самитот, како што пренесува грчката национална телевизија ЕРТ, го изјавил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првата сесија на лидерите на земјите членки на НАТО, откако претходно претседателот на САД, Џо Бајден, посочил за важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата.

360°.mk