Ново зголемување на цените на становите во Скопје

0
78

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.