Познат бизнисмен пронајден мртов во скопски Орман

0
165

Вечерва во скопско е пронајден мртов познат бизнисмен, основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“.

Станува збор за Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, пренесуваат повеќето медиуми.

Тој со повреди бил пронајден кај селото Орман.

Околу 19 часот во село Орман до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повреда во пределот на главата. До него бил пронајден пиштол и чаура.