Приведен кавадарчанец за физички напад врз својот син

0
101

Полицијата приведе кавадарчанец кој физички го нападнал сопствениот син.

Од СВР – Велес информираат дека синоќа во 20 часот, полицијата од ОВР – Кавадарци го лишеле од слобода К.М., на возраст од 51 година, кој што по предходна пријава физички го нападнал својот 27-годишен син во дворот на семејната куќа.

Според пријавата, биле употребени метален и дрвен предмет при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, информираат од СВР – Велес.

К.М. бил задржан во полиција, а известен бил и јавен обвинител и по расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.