РКЕ – Повторно поскапување на горивата

0
76

Возачите во последниот период претрпуваат перманентни удари во форма на поскапување на горивата. И следната седмица тоа ќе продолжи затоа што РКЕ одлучи повторно да ги крене цените на горивата. Бензините поскапуваат за еден, додека дизелот за половина денар по литар. Од полноќ малопродажните цени на горивата ќе изгледаат вака:

ЕУРОСУПЕР БС-95 84,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 86,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 77,00 ден/лит.