РУСИЈА СО ПОМАЛКУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ОД ЦРНА ГОРА

0
117

Олимписките игри во Париз почнаа вчера, на 26 јули и додека се „бори“ домаќинот да направи сè совршено од безбедносен аспект, вреди да се додаде дека нема да биде воопшто лесно поради нестабилната политичка ситуација во светот.

Затоа одржувањето на престижното натпреварување на кое ќе учествуваат речиси 11.000 спортисти од 206 земји е најголемиот организациски потфат.

Русија ќе биде суспендирана од Олимписките игри во Париз поради војната во Украина, но ќе им биде дозволено на нејзините спортисти, барем оние што не се казнети за системски допинг во атлетиката, да учествуваат. Но, не како претставници на Русија, бидејќи треба однапред да се откажат од знамето, химната и од кој било симбол или гест поврзан со нивната татковина.

Мнозинството од нив не се согласиле со ваквата „уцена“, така што Русија на крајот ќе има само 15-мина претставници – седуммина мажи и осум жени. Со Белорусите (уште 16-мина спортисти) ќе бидат под знамето на „индивидуалните неутрални спортисти“, како што ги нарече Меѓународниот олимписки комитет. Во случај на поставување подиум, до нив ќе биде таканареченото олимписко знаме, а во случај на победа ќе се пее олимписката химна.

Ако се земе предвид дека Русија отсекогаш била една од земјите што обезбедувале најмногу учесници на Олимписките игри, како и тоа дека е втора според вкупниот број освоени медали (наследени од Советскиот Сојуз, вкупно 1.010 медали на Летните олимписки игри), јасно е дека тоа е голема загуба кога станува збор за конкуренцијата, поради политиката.

Сепак, на Русите речиси им беше забрането да се натпреваруваат под неутрално знаме, а францускиот претседател, Емануел Макрон, беше под голем притисок од Украина и од нејзиниот лидер, Володимир Зеленски, да го забрани нивното учество.

Сепак, со поддршка на ИОК, не се случи таков преседан, но, од друга страна, Русите добија инструкции да не одат на Олимписките игри. Оние што решија да учествуваат, поминаа низ ригорозни проверки и никако не смеат да ја поддржат Русија, бидејќи во тој случај би биле предмет на невидени казни.

Од вкупно 15-мина претставници, Русија ќе има дури седуммина тенисери. Во прашање се: Медведев, Сафиулин, Котов, Александрова, Андрејева, Шнајдер и Веснина. Тааа има и вкупно тројца натпреварувачи во кајак, тројца во велосипедизам и само една гимнастичарка – Ангела Бладцева.

На Олимписките игри во Париз, тие, всушност, ќе имаат помалку претставници од Монголија (32), Црна Гора (19-мина) или, да речеме, Северна Кореја (16-мина).