Сообраќајна несреќа попладнево го затвори патот Прилеп – Битола, возилата пренасочени по стариот пат

0
81

Засега нема информации за повредени лица и за тоа до кога овој дел од патот ќе биде затворен

Сообраќајна несреќа е причина што попладнево патот од Прилеп за Битола е затворен за сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајката се случила попладнево околу 15:48 часот.

Според информациите од АМСМ, сообраќајката е на излез од Прилеп према Битола кај ѓубриштето.

Од АМСМ велат дека сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Засега нема информации за повредени лица и за тоа до кога овој дел од патот ќе биде затворен.