Трамп “добар” по обидот за атентат на предизборен митинг, осомничениот напаѓач убиен

0
81

По обидот за атентат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чуствува добро. ФБИ го „неутрализира “ осомничениот 20-годишен напаѓач кој истрелал неколку куршуми кон бината каде што Трамп држеше говор на митингот во Пенсилванија. Претседателот Џо Бајден го осуди политичкото насилство.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ранет во, како што рекоа претставниците на законот, „обид за атентат“ за време на предизборен митинг во западна Пенсилванија.

Трамп подоцна рече дека бил застрелан во увото, а на видеото од митингот на 13 јули се виде крв што тече од десната страна на неговото лице, додека агентите на тајната служба го симнуваа од бината каде што требаше да оддржи предизборен говор.